• „Црвените” квалитетно се испотија но ги освоија бодовите во дуелот со Барнли во рамките на 30. коло на англиската Премиер лига и со тоа остана во трката за титулата со Манчестер Сити
Ешли Вествуд ги шокираше „Црвените” во 6. минута со погодок од корнер. Судијата Маринер не се огласи кога пред да биде изведен еден од играчите на Барнли го оневозможи Алисон да скокне и да одбрани. Маринер и неговите помошници проценија дека ова е погодок.

Но Ливерпул се врати во период од 10 минути. Во 19-тата Фирмино намали на асистенција на Салах, а во 29-тата Садио Мане донесе предност на тимот од „Енфилд” откако дефанзивците на Барнли погрешија со додавањето.

Во 67 минута Роберто Фирмино зголеми на 3:1 со молскавичниот контра напад на Салах, и се чинеше дека тука се е готово, меѓутоа Барнли се погрижи за неизвесен финиш. Гудмунсон намали во 91 минута, а веќе во наредната акција Мане ги постави конечните 4:2.

Статистиката вели дека Фирмино бил инволвиран во 100 гола на Ливерпул во сите конкуренции во ерата на Јирген Клоч (63 гола и 37 асистенции). А Бразилецот стигнал до 10 погодоци во сите четири сезони во Премиер лигата со Ливерпул.
Ливерпул е втор на табелата со 73 бода, еден помалку од Манчестер Сити. Барнли е на 17 позиција веднаш над црвената зона.