Интернационална ракометна федерација официјално потврди како ќе бидат подолени местата на Светското првенство во Египет 2021 година. Европа ќе биде најмногубројна, односно ќе има 14 места, вклучувајќи го тука и светскиот првак Данска кој што директно ќе се пласира на Мундијалот.

32 селекции ќе бидат поделени во осум групи. Ќе одиграат три натпревари, и три екипи од секоја група ќе продолжи во главната рунда (24). Меѓусебно ќе спарингуваат од групите 1 и 2, 3 и 4, 5 и 6, 7 и 8.

СП ЕГИПЕТ – 32 ЕКИПИ

Европа – 14 селекции

Африка – 7 селекции

Северна и Јужна Америка – 5 селекции

Азија – 4 селекции

Вајлд карта – 1 селекција

Домаќин – Египет