Лошо му тргна годинава на Раул Гонзалез, кој откако стави крај на соработката со РФМ и Македонија, остана и без првиот пехар во сезоната.

ПСЖ вечерва е елиминиран од Монпеље, 32:31 (16:14) во четвртфиналето од Купот на Франција и нема да ја брани титулата на финалниот турнир.

“Светците“ мечот го загубија во последните 15-тина минути од натпреварот, кога Монпеље направи серија од 4-1 и дојде до 25:20, што се покажа како клучно во финалниот исход.

Монпеље го предводеа Порт со осум и Ричардсон со седум гола, додека Генсхајмер имаше седум погодоци за ПСЖ.

На Ф4 во Купот на Франција, Монпеље ќе игра со Шамбери, кој пак ги победи Нант и Кирил Лазаров, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат Нанси и Данкерк.