Сега веќе нема дилеми, Шкупи е пролетниот хит во првенството. Чаирчани маршираат низ шампионатот, денеска во дербито славеа и против Шкендија, и тоа со 1:0. Повторно Муарем Бајрами беше тој што му донесе големи бодови на својот тим. Е, па момци од Чаир имате зошто да се радувате, да славите, секоја чест… На крајот испратија и „поздрав“ со „селфи“.