Шкупи е се поблиску до новата титула во Футсал шампионатот на Македонија. Имено синоќа во салата во Чаир, во дербито на колото, домашните го победија КМФ Велес со 7:5. Интересно е тоа што велешани водеа со убедливи 4:1 на 12 минути до крајот на мечот, но потоа следуваше чудесен пресврт. Следуваа шест голови на „футсалците” на Шкупи за конечни 7:5.

Благодарение на оваа победа, сега Шкупи има 7 бодови предност во пресрет на последните седум кола во плеј – офот во Футсал првенството на Македонија.

Раководството на КМФ Шкупи, на клупската ФБ страна јавно им се заблагодари на своите фанови „шверцери” за големата поддршка на синоќешниот меч и големата победа.