Италијанскиот голгетер Марио Балотели, вчера сруши рекорд стар 45 години, откако го постигна победничкиот гол за Олимпик Марсеј над неговиот поранешен тим Ница.

Со тоа Балотели го сруши рекодот од сезоната 1973/74, постигнувајќи по еден гол во првите четири домашни меча за тимот од Марсеј во првенството на Франција.

Екс играчот на Интер, Манчестер Сити, Милан и Ливепрул, се пресели во Олимпик Марсеј во јануарскиот преоден рок, раскинувајќи го договорот со Ница.