Тренерот на Металург, Данило Брестовац најверојатно нема да смета на услугите на левото крило Димитар Димитриоски, за последниот меч од СЕХА лигата.

На последното мерење утринава репрезентативецот имал четири-пет килограми повеќе од пред месец дена, а таквото однесување го револтира стратегот на „металурзите“.

„Димитриоски е казнет поради четири-пет килограми повеќе од последното мерење. Најверојатно нема да игра со Војводина, но имаме проблем затоа што Матијашиќ е болен и само Маџовски е опција на лево крило. Се налутив затоа што не може еден репрезентативец да си дозволи вакво нешто. За месец дена ваква промена во килограми е многу. Мора да се научат на професионализам и само ќе кажам дека спортот си бара многу откажувања“, истакна Брестовац.