Кошаркарите на Феникс Санс го поразија актуелниот шампион Голден Стејт со 115: 111 во еден од поинтересните ноќешни натпревари во НБА лигата. Во првиот дел од мечот домашните беа во предност, која на моменти изнесуваше и двоцифрена разлика, по што на полувреме заминаа со предност од само еден поен.

Во третиот период гостите кон средината успеаја да го свртат текот на мечот и да дојдат до предност, која во еден период дојде и до 7 поени. Сепак, до крајот на периодот „воините“ се вратија за плус 1 и имаа минимална предност до средината на последниот период. Потоа дојде повредата на скочниот зглоб на десната нога на Кевин Дурант и мечот отиде во сосема поинаква насока. Гостите ја преземаа играта и го свртеа резултатот, кој на крајот им донесе победа од 115:111.

Кај победниците Девин Букер беше одличен со 37 поени и 11 асистенции. Кај Голден Стејт, 28 поени постигна Клеј Томсон, а повредениот Дурент мечот го заврши со 25 поени.

Далас, пак, имаше напад за победа над Хјустон, но во последните секунди домашните не успеаја да упатат шут, по што „ракетите“ ја однесоа победата од Тексас со 94:93. Гордон постигна 26 поени и беше најефикасен кај победниците, додека Дончиќ со 19 поени го предводеше Далас.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Чикаго 131:108

Мајами – Торонто 104:125

Филаделфија – Индијана 106:89

Атланта – Њу Орлеанс 128:116

Мемфис – Орландо 105:97

Далас – Хјустон 93:94

Минесота – Њујорк 103:92

Сан Антонио – Милвоки 121:114

Голден Стејт – Феникс 111:115