Македонскиот првак првиот осминафинален дуел од Лигата на шампионите го игра на гостински терен против ППД Загреб на 23 овој месец. „Спортмедиа“ дознава дека челниците на Вардар нема да одат по примерот на Веспрем, поточно нема да откупат влезници за натпреварот во хрватската престолнина.

Сите оние кои ќе сакаат да ги бодрат „црвено-црните“ во Загреб, билети ќе можат да набават на www.ulaznice.hr“, истите ќе бидат пуштени наскоро, а цената се движи од неверојатни 90 денари, за погорните место во „Арена“ и 430 денари доколку сакате да биде поблизу до теренот.

Бевме фрапирани од цената на втората класа на карти, па ги запрашавме нашите колеги зошто се толку ефитни.

„На Хрватите се им е скапо, затоа цената е оваа. Има и такви кои ќе бараат гратиси иако билетите чинат 1,5 евра“, беше коментарот.

Вардар и Загреб оваа сезона двапати се сретнаа, но во СЕХА-лигата. Хрватскиот тим на домашен терен беше подобар од македонскиот првак, кој пред скоро време пред своите фанови успеа да му се реваншира.