Зинедин Зидан ќе биде новиот тренер на Реал (М), објави предмалку весникот „Марка“. Според изворот близок до „кралскиот клуб“, попладнево по 18 часот Солари ќе добие отказ, а клубот веќе се договорил со својот поранешен тренер да се врати на тренерското столче.

Французинот кој е и играчка легенда на Реал (М), имаше исклучително богата тренерска кариера на „Бернабеу“, освојувајќи трипати Лигата на шампионите. Тој бил прв фаворит на Флорентино Перез, додека некои медиуми типуваа на Мурињо.

Солари веќе е јасно дека ги живее последните часови како тренер на Реал и ова утро тој веќе се збогувал со фудбалерите и вработените во тренинг центарот на клубот.