И тој е сепак само човек. Сеад Колашинац, фудбалерот на Арсенал вчера во финишот на дербито со Манчестер Јунајтед исповрати на теренот на стадионот „Емирејтс“.

Дали причината беше жестокиот дуел со Фред или пак не му „седна“ убаво ручекот пред натпреварот само тој си знае. Најважно за него е што тој по оваа непријатна епизода веднаш стана и го продолжи натпреварот. Инаку како што е познато, ова дерби го доби Арсенал со 2:0.