Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани, е убеден дека Ливерпул може да победи на сите негови натпревари до крајот на сезоната во Премиер лигата. „Граѓаните“ се на еден бод пред „црвените“ од Мерсисајд на осум кола пред крајот на сезоната.

„Убедени сме дека Ливерпул ќе победи на сите натпревари до крајот на сезоната. Знам дека ни претстои исклучително тешка задача. Остануваат доста тешки натпревари. Сите сме спокојни и знаеме што точно не очекува. Подготвени сме за се“, прокоментира искусниот белгиски дефанзивец.