Новиот тренер на Фенербахче имаше свој коментар на настапот на Елјиф Елмас на дуелот со Башакшехир, одигран пред два дена. Да потсетиме дека „дијамантот“ на полувреме беше оставен во соблекувалната, Ерсун Јанал за медиумите во Турција изјавил дека не е задоволен од перформансот на Елмас, посебно кога станува збор за неговите додавања, односно пас – играта.

Инаку најново е тоа што во турските медиуми се истакнува дека Елмас во последно време е под голем притисок од страна на неговото семејство, посебно од неговиот татко. Токму тоа била една од главните причини што „дијамантот“ бил така нервозен на теренот во последно време.