Поранешниот фудбалер на Бразил и екс член на Барселона, Едмилсон, во Гостивар ќе организира тренинг камп. Едмилсон најавил лично присуство на кампот кој ќе се одржи од 17.06 до 21.06 оваа година.

Едмилсон во 2002 година го освои пехарот на Светското првенство во Јапонија и Јужна Кореа, а подоцна го освои и пехарот од Лигата на шампионите со Барселона.