Фото: ohridnews.com

Суперлигашот Охрид нема да смета на услугите на левиот бек Дарко Георгиевски, откако клубот и ракометарот спогодбено го раскинаа договорот.

Георгевски, кој на почетокот на сезонава дојде во Охрид си замина поради несогласувања со тренерот, а не настапи ниту на последниот суперлигашки меч со Прилеп викендов.

„Со управата на клубот се разделивме најпријателски…, а обвинувањата дека не сум сè ангажирал доволно категорично го отфрлувам. Претходните неколку недели имав конфликт со тренерот, бев на мета на негови критики иако екипно имавме добра полусезона. Одлуката на управата како што кажав и претходно ја прифатив и се разделивме најпријателски. За работата на тренерот и неговите замисли не се мешам, за тоа ќе си каже управата. На играчите им посакувам многу среќа понатака“, изјави Георгиевски за ohridnews.com