За Серена Вилијамс настапот на мастерс турнирот во Индијан Велс заврши во третото коло.

Американката поради болест беше принудена да го предаде натпреварот против шпанската тенисерка  Габриње Мугуруза, во вториот сет при резултатот (3-6, 0-1).

Вилијамс се консултираше со својот лекар и донесе одлука да не го продолжи настапот во Калифорнија.