Американската велосипедистка Кели Катлин, се самоуби на 24-годишна возраст.

Трикратната и актуелна светска шампионска во екипен велосипедизам во сала, како и носителката на бронзен медал за САД од ЛОИ Рио 2016, се сомневаат дека се борела со депресијата во последните неколку месеци, со оглед на тоа дека и на почетокот на годинава имала обид за самоубиство.

Како една од главните причини што посегнала по својот живот се смета дека е потресот на мозок, кој го заработила зимава и поради кој била принудена да престане да тренира, а пред месец дена во интервју за „Вело њуз“ таа потенцирала дека има потешкотии да ги усогласи обврските на факултет со потребните на врвниот спортист.

Нејзината смрт длабоко го потресе спортскиот свет, со оглед на тоа дека станува збор за исклучително талентирана и паметна млада жена, која покрај спортските успеси беше и одлична виолинистка, а студираше и математика на престижниот универзитет Стенфорд, каде што и се самоуби.