Неодамна Сент Мирен беше поразен од Ренџерс со 4:0, а сите четири гола „полицајците“ ги постигнаа од пенали. Гневен поради начинот на кој загуби напаѓачот на Сент Мирен Симеон Џексон се присети последен пат кога бил сведок на четири пенали на еден меч, а тогаш отворија истрага против судијата за местење.

Џексон укажува на натпреварот меѓу неговата репрезентација Канада и Македонија одигран во Струмица во 2009 година, а бугарскиот судија Антон Генов свиреше пенали при речиси секој контакт во казнениот простор. Бугаринот беше суспендиран од страна на УЕФА.

Да бидам искрен, ми се случило вакво нешто претходно. Со Канада гостувавме во Македонија. На мечот беа досудени четири пенали – два за нас, два за нив. А знаете што му се случи на судијата? Го суспендираа затоа што го „местел“ натпреварот. А кога на противникот лесно му свират пенали, тогаш нема шанси да победиш. Според мене тоа не беа пенали“, објаснува Џексон.