Вкупно 40 тенисери од Турција, Македонија, Албанија, Азербејџан, Босна и Херцеговина, Бугарија, Ерменија, Грузија и Косово учествуваа на развојниот ИТФ Еуропа тениски турнир за тенисери/тенисерки до 14 година во Анталија.

Јана Стојанова триумфираше во женска конкуренција откако во финалето ја совлада сонародничката Ива Јованова со 6:4/7:5. Претходно Стојанова мина ривалки од Албанија и БиХ и без загубен сет го освои турнирот. За нејзе ова е втора титула на овој турнир откако претходната година победи во двојки со Александра Симева.

Во машка конкуренција Марко Стоилковски стигна до финалето но не успеа да стигне до пехарот откако загуби од турскиот тенисер Атакан Карахан со 3:1 во сетови. Нашиот тенисер го доби првиот сет со 7:5, но ги загуби другите два 6:4 и 6:1 и остана на второто место.

А финалистките во женската конкуренција Јана Стојанова и Ива Јованова во двојки стигнаа до финалето меѓутоа загубија од турскиот пар Ела Секмен/Дуру Соке со 1:3 по сетови (4:6/6:4/5:10).