Фудбалерот на Динамо Загреб Аријан Адеми, поради повреда нема да може да им помогне на своите соиграчи на реваншот против Бенфика. Меѓутоа силно посакува пласман во следната фаза, а „модрите“ се блиску после победата од 1:0 на првиот меч.

На својот „Фејсбук“ статус, Адеми напиша дека во финалето ќе играат Динамо Загреб и Челзи, и притоа вели да се запамети овој статус.