Она што македонската фудбалска федерација подолго време го подготвуваше конечно се случи. Бејхан Аметов, сегашниот член н тимот на Борусија Дортмунд како и Бесадр Шабовиќ кој настапува за Шведскиот Ѓургарден во иднина ќе настапуваат за Македонија.

Првиот досега беше дел од Германската репрезентација, додека пак Шабовиќ е роден и израснат во Шведска. Македонија подолго време се обидуваше да ги придобие овие двајца, а ете сега конечно и успеа тоа да го стори. Аметов важи за еден од најголемите таленти во Германскиоот фудбал, изданок е на школата на Келн, а направи трансфер во гигантот Борусија Дортмунд.

Шабовиќ пак, е стандарден во Ѓургарден откако одработи позајмица во Бромапојкарна. Аметов во моментов има 20, додека пак Шабовиќ 21. година.