Филип Антовски и неговиот тим Динамо Загреб ќе играат во четвртфиналето на овогодинешното издание на младинската УЕФА младинската Лига на Шампиони.

Тие предмалку на домашен терен го совладаа тимот на Ливерпул по подоброто изведување на пеналите откако регуларниот дел од мечот заврши 1:1. Динамо иако имаше многу повеќе од шансите и доминираше на теренот сепак, имаше негатива по околу еден час игра за да Кузе изедначи на 1:1 во 68. минута.

На крајот конечните 4:3, ги заокружи Данкан кој промаши во последната серија за Ливерпул. Сега, тимот на Динамо ќе го чека победникот од дуелот помеѓу Челзи и Француски Монпеље, со кого ќе се сретне во следното коло. Антовски секако одигра цели деведесет минути за тимот на Динамо и секако добива највисока оценка како и целиот тим на Динамо кој покажа екстра квалитет и огромен потенијал