Фудбалерот на екипата на Барселона, Артур вели дека жали што присуствувал на роденденската забава на неговиот партнер во бразилската репрезентација Нејмар. Настанот се одржа во Париз на 5 февруари, два дена пред Барселона да се сретне со Реал (М) во натпреварот од Шпанскиот куп.

Артур ја прифатил поканата на Нејмар и замина за забавата, за што подоцна им се извини на своите колеги од тимот и тренерот Ернесто Валверде.

„Направив грешка со тоа што заминав во Париз. Но, доволно сум стар за да ја преземам одговорноста за ова однесување“, изјавил Артур за шпанските весници, потенцирајќи дека неговите соиграчи го поддржуваат.

Бразилецот се пресели во Барселона минатото лето, а Шпанците за него платија 31 милион евра при трансферот од Гремио.