Блокотехна ја запиша деветата победа во БИБЛ-лигата и остана во игра за првото место на табелата откако на гостувањето кај Башкими славеше со убедливи 77-92 (17-21, 19-31, 27-21, 14-19). Гевгеличани по овој меч се на втората позиција, на еден бод зад лидерот Берое.

Марјан Илиевски и неговите избраници триумфот го најавија во втората четвртина која ја добија со 19-31. До крајот беше рутина, лесно го привршија мечот во своја корист.

Мијатовиќ со 27 поени и осум скока беше прво име во редовите на Блокотехна, зад него беше Пен со 20 поени и 9 скока.