Јувентус даде гол уште на стартот на дуелот со Атлетико, меѓутоа судијата го поништи. Облак и Роналдо се обидоа да стигнат до топката, таа се одби до Киелини кој ја испрати во мрежат. Судијата Кујперс оцени дека Облак стигнал прв до топката, а Роналдо со нога му ја избил од рацете поради што означи прекршок. Попусто беа протестите на играчите во црно и бело.