Кошаркарот на Оклахома Сити Тандер, Расев Вестбрук, имаше несекојдневен вербален конфликт со еден од навивачите на Јута Џез на синоќешниот меч одигран во Солт Лејк Сити.

Се започна кога домашниот навивач, Шејн Кесел, кој стоел заедно со својата сопруга близу теренот, му довикнал на Вестбрук: „Клекни на колена како што си навикнат“.

Тоа очигледно го разгневи Вестбрук, кој веднаш почна со навредливи зборови и за него и за неговата сопруга.

„Ти ветувам! Ќе те е**м и тебе и твојат жена. Се колнам, ќе ве е**м“, му довикуваше Вестбрук.

Кесел по инцидентот рече дека само се забавувал, па дури и Вестбрук бил со насмевка на лицето додека се разменуваа тешки зборови.