Мега ѕвездата Кристијано Роналдо направи споредба меѓу италијанскиот и шпанскиот фудбал и вели дека истиот многу се разликува. Роналдо играше за Реал Мадрид, а минатото лето премина во Јувентус за нешто повеќе од 100 милиони евра. Петкратниот освојувач на „Златната топка“ исто така играше за Манчестер Јунајтед во Англија. Португалецот успеа да даде 19 гола во 26 меча во Серија А иако свесен дека стилот на игра е поинаков на Апенините.

Фудбалот во Шпанија е отворен, тимовите преземаат ризик. Во Италија дефанзивата е приоритет, а потоа се мисли на нападот. Во Шпанија не се размислува така. Исто така пет години играв во Англија и таму се игра отворено и брзо. Кога ќе ги споредам сите три лиги, во Италија дефинитивно е многу потешко да се даде гол“, вели Роналдо во интервју за ДАЗН.