Египетскиот напаѓач Мохамед Салах за британските медиуми изјави дека е спремен да го жртвува својот сон за освојување на Лигата на шампионите за титулата во Премиер лигата со Ливерпул. „Црвените“ долго беа први на табелата, но заредија со неколку нерешени резултати поради што паднаа на второто место зад Манчестер Сити. Во среда во реваншот од осминафиналето на ЛШ играат со Баерн по оние 0:0 на „Енфилд“.

Ќе бидам искрен. Лигата на шампионите е најпрестижното натпреварување. Но, сонот на целиот град и клубот е титулата шампион на Англија. Значи би бил среќен ако можев да го жртвувам својот сон за нивниот сон“, вели Салах.

До крајот на Премиер лигата останаа уште осум кола, а Салах се надева дека неговиот тим ќе продолжи да победува, а Сите ќе киксне на некои од наредните натпревари.

Премиер лигата е тешко натпреварување и до крајот ни останаа уште многу комплицирани натпревари. Се што можеме да направиме е да ги добиеме нашите натпревари и да се надеваме дека тие (Сити) ќе кикснат барем на една. Мојот ум е чист и постои притисок, но ментално сум силен и само мораме да продолжиме“, истакна Салах.