Утре, со прес во просториите на ФФМ, селекторот Игор Ангеловски ќе го објави списокот со 23 фудбалери на кои ќе смета за мартовскиот циклус во квалификациите за ЕВРО 2020 година. Да се потсетиме дека на 21 март играме со Летонија, три дена подоцна и гостуваме на Словенија.

Познато е одамна дека тој си има проблеми, има неколкумина повредени, но дефинитивниот список ќе го „крои“ што се вели и докторскиот тим. Инаку Аријан Адеми се подвргна на операција на стомачниот ѕид, тоа значи дека нема ни да дојде во Скопје. Под голем знак прашалник се и Иван Тричковски и Стефан Спировски, веројатно тие ќе дојдат во Скопје, ќе се јават на прозивката, но тешко дека на нив ќе може да се смета.

Од ова се гледа дека Македонија ќе биде драстично ослабена во средниот ред, таму ќе мора да се игра без Адеми и Спировски.