Манчестер Јунајтед ја чека репрезентативната пауза, за официјално да го реши прашањето околу новиот тренер. Веќе нема други кандидати освен Оле Гунар Солскјер. За Норжанецот се прашува и Молде со кој има договор да се врати во тимот, но Јунајтед ќе плати отштета и ќе го има Оле на клупата.

Ова доаѓа по успехот во Лигата на шампионите, а Јунајтед е на вистинскиот пат кон ЛШ и следната сезона преку првенството.

Дека Оле ќе остане на клупата на „ѓаволите“ и следната сезона, говори фактот што Норвежанецот веќе скроил список на засилувања за следната сезона. Приоритет за Солскјер е одбраната, па така на неговиот список се Давид Калабрија, десниот бек од Милан.