Без некои поголеми промени, селекторот Игор Ангеловски го образложи списокот за двата натпревари со Летонија и со Словенија, како и очекувањата од двата меча.

„Како што најавив и претходно, не планиран поголеми измени во однос на она што го играме во последните две години. Со тоа имаме добро воиграна репрезентација, и подготвени влегуваме во новиот квалификациски циклус. Фокусот ни е првиот натпревар со Летонија, и ќе играме на тој меч да го добиеме и да ги стартуваме квалификациите со три бода“, изјави Ангеловски.

На прашање како ќе се надополни отсуството на Адеми и евентуално на Спировски во средниот ред.

„Сметам дека тимот ќе го надополни отсуството на двајцата. Имаме добри играчи во средниот ред кои верувам дека ќе дадат се од себе и ќе одговорат на предизвикот“, дополни селекторот.

Ангеловски добро го познава Стојановиќ, селекторот на Летонија.

„Добро го познавам, работеше тука. Станува збор за добар тренер, и сигурно дека има свои адути“, вели Ангеловски.