Игор Ангеловски, селекторот на А репрезентацијата на Македонија, го објави списокот на репрезентативци кои ќе конкурираат за настапи против Летонија и против Словенија на почетокот на квалификацискиот циклус.

Го нема единствено Аријан Адеми кој е повреден, а се враќа Дарко Велковски. Тука се и Иван Тричковски и Стефан Спировски, и покрај повредите.