Барса поведе во дуелот со Лион на реваншот од осминафиналето на ЛШ, а стрелец на погодокот беше Лео Меси од пенал во 17. минута. Но ќе остане прашањето дали овој старт на Денаер врз Суарез беше за пенал? Судијата Марчињак покажа на белата точка, играчите на Лион протестираа велејќи дека Суарез го одглуми пеналот и дека тој гази врз ногата на Денајер, дефанзивецот на Лион. Судијата побара и доби потврда од ВАР. Пенал за Барса и погодок. Еве ја таа ситуација…