Претседателот на Барселона, Хозе Марија Бартомеу, зборувајќи за иднината на клубот, ги искажа и своите очекувања за иднината на Барселона со Лионел Меси, но и по неговото заминување во пензија.

„Приказната за Барселона се промени од пристигнувањето на Роналдињо, а тоа е негова заслуга. Тој ни ги врати насмевките, задоволството и среќата од играта”, изјави Бартомеу за BBC.

„Потоа, Пеп Гвардиола беше назначен за тренер, кој му помогна на клубот да се развие и да постигне спортска извонредност. Сега тука е Меси, но, не можеме да сметаме на него засекогаш. Знам дека еден ден и тој ќе престане да игра, но очекувам дека ќе биде со нас и во следните 4-5 години. Дотогаш сакам да го подготвам клубот за иднината по Меси”, вели претседателот на Каталонците.

„Начинот да се подготвиме за периодот по Меси е да земаме млади таленти. Таквите како Дембеле, Кутињо и Френки де Јонг се иднината на Барселона. Треба да продолжиме да ја следиме оваа линија на совршенство и успеси“, завршил првиот човек на Барса.