Фудбалерот на Манчестер Сити, Бернардо Силва, официјално потпиша нов договор со “граѓаните”. Веста ја потврдија од клубот. Португалскиот играч заврска, се обврза да остане верен на Сити до 2025 година.

„За мене е чест да го продолжам договорот со Манчестер Сити. Овој клуб нуди сè што му треба наеден играч”, изјави 24-годишниот Силва.

„Штом слушнав дека Манчестер Сити сака да го продолжи мојот договор, знаев што ќе правам. Го сакам клубот, менаџерот, играчите и навивачите. Нашиот стил ми дава енергија и гладен сум за повеќе трофеи“, вели Португалецот.