Најголемата мана на СЕХА-лигата е што двојките во полуфиналето на фајнл-форот се одредуваат според пласманот на табелата, поточно по системот: првиот со четвртопласираниот тим и вториот со третопласираниот тим.

А кога последното коло од регуларниот дел од сезоната го одлучува конечниот изглед на табелата, во тој случај сите мечеви треба да се играат во ист ден и во ист час за да не се случи вечерашното хрватско сценарио.

ППД Загреб ги намести коцките, иако беше подобар противник во целиот меч против Татран Прешов, на крајот во последната минута го загуби дуелот.

Причината е јасна, хрватскиот тим сакаше да го избегне домаќинот на фајнл-фор завршницата Мешков Брест, и во тоа успеа. Вардар ќе мора да го добие белорускиот тим за да стигне до ново финале во СЕХА-лигата. Сега е јасна и пораката од Хрватска по анкетите кои беа направени од страна на тамошните медиуми, дека македонскиот првак оваа сезона нема да дојде до нова титула во регионот.

Но, како да заборавија сите, последниот збор го имаат Роберто Гарсија Парондо и неговите избраници.

А за овој сомнителен меч, ППД Загреб мора да го казнат, и тоа во осминафиналето во Лигата на шампионите, почнувајќи на гостински терен (23 овој месец) завршувајќи со реванш мечот во Скопје.