Крсте Велкоски и неговиот „бордо“ тим, денеска на гости кај Зрински успеаја да слават со 1:0.

Тоа беше втор меч од 1/4 финалето во Купот на БиХ, па така со вкупни 2:0 се пласираа меѓу четирите најдобри клубови во ова натпреварување.

Крсте Велкоски, кој е капитен на Сараево, може да биде презадоволен со оглед на тоа дека големи се шансите оваа сезона тој заедно со своите соиграчи да ја освојат двојната круна во БиХ.