Не е тајна дека Еспањол е заинтересиран за репрезентативниот голман Столе Димитриевски. Пред неколку дена и самиот чувар на мрежата призна дека зимава можел да оди во Еспањол, но се реши да остане во Рајо. Но, од тимот од  Барселона не се откажуваат.

Во мисијата која ја нарекоа „Еспањол 2020“, и која значи градење на тимот за следната година, спаѓа токму и Димитриевски.

Се шпекулира дека за него и за неговиот соиграч Ембара, се подготвува сума од три милиони евра. Тешко дека за толку малку пари Рајо ќе го продаде, особено ако се има во предвид дека токму тој е главниот „адут“ на тимот од Мадрид. Но, доколку се случи екипата да не опстане, тогаш ќе мора да се откаже од главните играчи, па и од Димитриевски.

Столе во последните месеци е прв избор на голманската позиција во Рајо. Брани неприкосновено, а добрите одбрани му донесоа интерес. Не само од Еспањол, туку и од Валенсија.