Поради повреда, Адис Јаховиќ не играше за Коњаспор на последниот дуел со Бешикташ. Напаѓачот на мечот со Гезтепе го повреди зглобот, поради што мораше да паузира.

Меѓутоа од лекарскиот тим на Коња прават големи напори да го оспособат да биде подготвен за следниот дуел против Ризеспор, кој се игра во сабота.

Дали ќе биде подготвен, ќе се знае по последниот тренинг во петок, иако тој тренира со соиграчите, но со намален интензитет со оглед дека болките и натаму се присутни.

Ако не може, тогаш можно повик за тој меч да добие младиот Ердон Даци кој исто така е дел од овој тим. Во Коњаспор игра и Леонард Жута.