Горан Пандев со Летонија ќе го одигра 100-тиот јубилеен натпревар за селекцијата на Македонија. Свој став имаше и селекторот Игор Ангеловски кој на денешната прес-конференција истакна дека името на Пандев кај него буди посебни емоции, додавајќи дека тој е најголемиот на сите времиња.

„Кога ќе се спомене името на Горан Пандев, кај мене се будат посебни емоции. Станува збор за најголемиот фудбалер од Македонија на сите времиња. Сигурно дека ние ќе го поздравиме, и очекувам и македонската публика да го поздрави овој јубилеј на Пандев“, изјави Ангеловски.