Широки Бријег предводен од македонскиот стратег Гоце Седлоски е последниот патник во полуфиналето на купот на Босна и Херцеговина. Во реваш дуелот против екипатана Борац во Бања Лука, Широки славеше со 1:0 и со тоа ги потврди оние 2:1 во своја полза од првиот меч и обезбеди пласман во следната фаза од натпреварувањето.

Покрај Широки Бријег, претходно пласман во полуфиналето обезбедија и екипите на ТОШК, Сараево и Слога.