Германскиот голман Лорис Кариус го пријави својот клуб Бешикташ до ФИФА поради непочитување на договорот. Имено Кариус се жали до Светската фудбалска централа и до Фудбалската федерација на Турција поради тоа што веќе четири месеци не зел плата од Бешикташ.

Ако неговата жалба помине во ФИФА, а веројатно ќе помине, тогаш на Бешикташ му се закануваат сериозни санкции од финансиска казна, одземање на бодови до забрана за играње во Европа.

Германскиот голман е еден од најплатените играчи во Бешикташ кој е се бори со финансиски потешкотии, а ова не е првпат турскиот клуб да доцни со исплатата на плати кон играчите.