Џорџо Киелини влезе меѓу легендите на Јувентус со над 500 настапи за клубот. Дефанзивецот на Јуве вчера го одбележа овој јубилеј, и тоа на најдобар можен начин, со рушење на традиција на клубот со кој е во „врска“ веќе 14 години.

Јувентус вчера за прв пат после негатива од два разлика, се пласираше во следната фаза од едно европско натпреварување.

Киелини влезе во клубот каде што од порано се Алесандро Дел Пиеро, Џанлуиџи Буфон, Гаетано Ширеа и Џузепе Фурино.

Киелини дојде во Јувентус во 2005 година од Фиорентина. Претходно настапуваше во Ливорно и во Рома. Тој има точно 100 настапи за италијанскиот национален фудбалски тим.