Македонскиот првак и бранителот на четирите титули во СЕХА лигата, Вардар ќе се соочи со организаторот на Ф4 турнирот, Мешков Брест во полуфиналето на завршниот турнир во Регионалната лига, закажан за 2 и 3 април во салата „Викторија“.

Дуелот со белорускиот шампион ќе претставува реприза на ланското полуфинале, со оглед на тоа дека „црвено-црните“ ја имаа истата пречка на патот до третата едноподруго титула.

Другата полуфинална двојка ќе ја сочинуваат хрватските претставници ППД Загреб и Нексе.

Изгледот на полуфиналето на Ф4 во Брест беше дефинирано вечерва, откако Мешков Брест со 29:26 (17:17) славеше на гостувањето во Нашице, додека „плинарите“ во последната минута од мечот со Татран Прешов загубија со 28:29 (16:15).