Македонскиот фудбалски репрезентативец Езџјан Алиоски, кој е еден од најдобрите играчи на англискиот Чампионшип клуб, Лидс Јунајтед, си доби песна.

Импресивниот настап за клубот по само година дена го направи вистинска ѕвезда и еден од милениците на фановите, кои во иднина ќе пеат на трибините: „Алиоски, Џани Алиоски, нашата супер ’десетка’“.