Се чини дека веќе нема дилеми, селекторот Игор Ангеловски со „помош“ на докторскиот тим ги „скрои“ тие 23 фудбалери на кои ќе смета на претстојните мечеви со Летонија и Словенија.

На него го нема Аријан Адеми, додека Иван Тричковски и Стефан Спировски ќе бидат на списокот, но тешко дека ќе можат да бидат во комбинација за стартните мечеви од квалификациите за ЕВРО 2020.

Се очекува списокот со 23 имиња кој Ангеловски ќе го објави  денеска точно на пладне, да биде следниот…

ГОЛМАНИ: Димитриевски, Илиев, Шишковски. ОДБРАНА: Ристовски, Тошевски, Муслиу, Бејтулаи, Зајков, Велковски, Ристевски, Алиоски. СРЕДЕН РЕД: Николов, Барди, Елмас, Хасани, Спировски, Чурлинов, Маркоски. НАПАД: Пандев, Несторовски, Трајковски, Велкоски, Тричковски.