Норвежанецот Мартин Одегард е играч на Реал Мадрид но моментално е на позајмица во холандскиот прволигаш Витесе од Арнем. Претходно играше и за Херенвен и практично се навикна на Ередивизијата и оваа сезонава видливо е неговото подобрување.

Затоа Ајакс го следи норвешкиот репреззентативец  подолго време и сака да го купи, меѓутоа не сака да плати 20 милиони евра колку што наводно бара Реал Мадрид.

Ги прочитав информациите, но не знам колку се сериозни. Се споменува некаква сума од 20 милиони евра колку што бара Реал Мадрид, но јас се сомневам дека вредам толку. Од друга страна кога ќе погледнам колкави пари се вртат за играчи тогаш таа сума и не е така голема“, вели 20-годишниот фудбалер кој кариерата ја почна во Стромсгодсет и е најмладиот репрезентативец на Норвешка.