По точно 284 денови, Зинедин Зидан се врати во Реал Мадрид. Денеска „кралевите“ го одработија и првиот тренинг под водство на големиот Зизу со кого беа трипати по ред шампиони на Европа. На фотографиите од денешниот тренинг убаво се гледа дека меѓу играчите се вратија насмевките. Познати лица за него, со својата харизма веднаш ги воодушеви оние помладите кои досега немаа можност тој лично да ги тренира.