Охрид го загуби дуелот со Еурофарм Работник, 24:35 (12:17), а овој пораз за „гладијаторите“ значеше и губење на местото во плеј-офот.

Тимот на Стевче Алушовски од првата до последната минута имаше контрола над резултатот и не остави простор Охрид да се понадева на изненадување.

Поразот од Струга на отворањето на пролетниот дел, како и овој вечерва од Еурофарм Работник скапо го чинеа Охрид, кој сега ќе мора да игра во „плеј-аут“, додека Бутел е екипата која се радува на „плеј-офот“.

Бутел беше убедлив 37:29 (16:15) на гостувањето во Радовиш и си го букираше местото во „четворката“ која оди натаму.

Струга во неизвесниот и напнат меч со Пролет славеше во финишот благодарение на погодокот на Чантурија, 24:23, додека Пелистер рутински мина во Прилеп (46:18).

РЕЗУЛТАТИ:

Прилеп – Пелистер   18:46 (9:25)

Охрид – Еурофарм Р.            24:35 (12:17)

Радовиш – Бутел       29:37 (15:16)

Струга – Пролет         24:23 (11:12)