Прилепскиот прволигаш на саботниот меч со Ренова, еден од најинтересните во 23. коло во ПМФЛ, ќе биде домаќин во Охрид, и тоа на стадионот СРЦ „Билјанини извори“.

Мечот започнува во 14:30 часот, како и сите останати од тоа коло кое се игра во сабота и тоа поради Собранието на ФФМ кое ќе се одржи во Охрид, но и поради фактот дека во недела – понеделник е закажан собирот на нашата А репрезентација.

Досега Победа оваа пролет беше домаќин во Кичево, бараше да игра и на стадионот на ФФМ во Скопје, но сепак оваа сабота против Ренова ќе игра во Охрид.

Инаку во останатите мечеви од 23. коло се среќаваа Шкендија – Работнички, Вардар – Шкупи, Академија Пандев – Силекс и Македонија ЃП – Беласица.